Home Актуелно Бројот на исчезнати во поплавите во Германија се искачи на 50

Бројот на исчезнати во поплавите во Германија се искачи на 50

Силно невреме со обилни дождови ја зафати западна Германија. Во поплавите загинаа шест луѓе, шест куќи се урнаа, а околу 50 лица се водат како исчезнати.

Портпаролот на полицијата во Кобленц потврди дека шест лица го загубиле животот под засега неутврдени околности. Нивните тела биле пронајдени на различни места.

Други 25 куќи се изложени на ризик од уривање во областа Шулд кај Аденау, пренесува „Билд“.

„Пожарникарите и спасувачите се испратени на повеќе места. Сè уште немаме точна слика за ситуацијата бидејќи во тек се операции за спасување”, изјави портпаролот на полицијата.

Некои места се отсечени од светот поради надојдените води. Многу граѓани се искачија на покривите на своите куќи чекајќи спасувачките екипи да стигнат до нив со брод.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…