Home Спорт „Екип“ открива неверојатно сценарио околу иднината на Нејмар

„Екип“ открива неверојатно сценарио околу иднината на Нејмар

Еминентниот весник „Екип“ тврди дека Нејмар може да остане во ПСЖ, но нема повеќе да заигра за францускиот клуб.

Француските медиуми пишуваат дека „светците“ се замориле од „сапуницата“ со бразилската ѕвезда, која пред две години пристигна од Барселона за 222 милиони евра.

ПСЖ бара 180 милиони евра за неговата слобода и тоа до 10 август, па ако Барселона не ја плати таа сума, Нејмар најверојатно ќе остане во Париз.

Само тогаш би можел да биде целосно надвор од екипата и плата да добива за гледање на натпреварите од трибини.

Тоа би било навистина поразителен епилог за сите три страни и сценарио, кое ниту една страна не го посакува.

Каталонските медиуми пак пишуваат дека Барса прави план и ќе се обиде да го донесе Нејмар на едногодишна позајмица, со задолжителен откуп следното лето за 180 милиони евра.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…