Home Спорт Еј што ти е карма: Му се потсмеваше на Чави дека играл во Катар, сега тој потпиша во Саудиска Арабија (снимка)

Еј што ти е карма: Му се потсмеваше на Чави дека играл во Катар, сега тој потпиша во Саудиска Арабија (снимка)

Веќе е официјален податок и факт дека Кристиано Роналдо својата професионална фудбалска кариера како играч ја продолжува во Саудиска Арабија со најскапиот договор во историјата на професионалниот фудбал.

Веројатно пред мундијалот никој не би поверувал дека Роналдо ќе заврши на Блискиот Исток, и кога веќе се знаеше дека приказната со Манчестер Јунајтед е дефинитивно завршена. Веројатно сите негови обожаватели веруваа дека сепак ќе остане во Европа, или евентуално ќе оди во Америка.

А посветените корисници на социјалните мрежи се потсетија на едно негово потсмевање пред 7 години, кога Чави заигра во Катар.

Во интервју, Роналдо беше прашан што мисли за ставот на Чави дека Меси е подобар од него и тој треба да ја добие „Златната топка“ таа година, а тој само одговори:

„Чави никогаш не ја освоил Златната топка и не ме интересира неговото мислење. Тој отиде во Катар затоа што никому не му треба“.

Кристиано, друже, испаѓа дека кармата, сепак, е брза и слепа кучка.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…