Едноминутно турирање од колегите во чест на загинатиот автомобилски тркач Кочевски


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Последен поздрав од колегите, за починатиот Александар Кочевски, кој доживеа срцев удар со смртни последици зад воланот во квалификациите за третата трка на кружни патеки, во „Твинго Куп“, од сезоната 2019 во Кичево.

Александар Ковачески почина на завчерашните квалификации за третата трка од календарот на кружни патеки во Кичево, борејќи се за подобра стартна позиција.

„Александар Кочевски ја загубил контролата на возилото и завршил во зелениот простор околу патеката. Нашата екипа и судиите, заедно со медицинскиот тим, веднаш пристигнаа на лице место, Кочевски беше итно префрлен во Ургентниот центар во Кичево, каде по долга борба на целокупниот медицински персонал за негово реанимирање, беше констатирана неговата смрт – соопшти АКК Кастм Кар Рејсинг Рено Спорт и изрази сочувство на семејството и пријателите на починатиот возач.