Home Вебкафе Една година не се напил капка алкохол – луѓето се воодушевени од неговата промена

Една година не се напил капка алкохол – луѓето се воодушевени од неговата промена

Колку може да биде деструктивно претерувањето со алкохол, редовно сведочиме на дневна база. И додека повеќето луѓе го консумираат умерено, само во Америка 9% од младите помеѓу 18 и 25 години се зависни од алкохол, пренесува TheLadBible.

Редит корисникот со корисничко име Klamskykrawl, кој се бореше со алкохолизмот, на социјалната мрежа постави фотографија на која покажува што му се случило откако една година воопшто не се напил алкохол.

Дневно пиел по пет литри пиво и пола шише вино во просек, а за викендите и повеќе. Но, изминатата година не се напил ни капка алкохол, а промената е импресивна. Се пофали дека симнал 25 килограми и дека е „илјада пати посреќен“, а освен телесната состојба, се подобрил и ментално.

„Јас сум алкохоличар“, ја започна својата исповед. „Уште е понекогаш тешко, но ми се случија толку позитивни работи и сè е поленсо. Знајте дека можете да се промените кога ќе посакате. Предизвик е, но се исплаќа. Само да се охрабрите на првиот чекор, не мора да е голем“, заклучи тој.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…