Home Вебкафе ЕДНА Е МАЈКА!

ЕДНА Е МАЈКА!

Госпоѓа Менг, загрижена мајка од кинеската провинција Хенан, потрошила повеќе од милион јуани (околу 130.000 евра) на метален мост пред училиштето во кое учи нејзиниот син, па тој и другите деца да можат безбедно да го поминат патот.

Менг за локалната телевизија изјавила дека патот пред училиштето на нејзиниот син секогаш бил пренатрупан кога родителите ги донесувале своите деца или доаѓале да ги земат по училиште, а бидејќи во близина немало семафори, таа сметала дека е опасно, пренесува Одити Централ.

Покрај тоа, таа вели дека нејзиниот син често доаѓал дома со влажни нозе поради баричките што се формираат околу патот. “Водата се слева по скалите додека тие ги чекаат родителите како мали птици. Изгледаа бедно. Нозете на моето дете побелеа од натопувањето во водата”, рече таа.

Откако веста стана вирална, се појавија извештаи дека таен добродетел финансирал изградба на друг мост. Едниот е веќе изграден и темелите се поставени за другиот, двата одобрени од локалната канцеларија за урбано-рурален развој.

Менг вели дека не му кажала на својот син дека платила за мостот затоа што не гледала потреба за тоа. “Јас само го направив тоа што можев да си го дозволам. Не можеш да ги носиш парите со тебе до гроб …”, рече таа.

„Ќе го наречам мостот „Мост на мудроста“. Учениците кои ќе го преминат може да станат помудри“.

Приказната стана вирална, а многумина на социјалните мрежи беа полни со пофалби за грижливата мајка, изјавувајќи дека таа можела да ги потроши парите за безброј други работи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Долче фар ниенте: Како „ништо не правење“ може да биде најпродуктивната работа

Заборавете ја вината и препуштете се на чиста лењост — каде и да ве затекне летово, еве ка…