Еден загинат и двајца повредени во експлозија која утрово го потресе Белград (снимка)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во силната експлозија која утрово околу 10 часот го потресе центарот на Белград загина едно лице, а две се повредени.

Како што пренесуваат локалните медиуми, експлозијата се случила во непосредна близина на зградата на РТС, на локација каде работници вршеле реконструкција на инсталациите. Меѓу самите работници има повредени.

Српската државна телевизија неофицијално откри дека експлодирала боца со гас, а Телеграф.рс од својот извор дознава дека експлозијата се случила кога работниците носеле боци со гас.

Силината на експлозијата уништила неколку службени автомобили на РТС, а прозорците на зградата испукале.