Home Вебкафе Еден метар долг отисок од стапало на диносаурус откриен во Велика Британија

Еден метар долг отисок од стапало на диносаурус откриен во Велика Британија

Рекордно голема трага од стапало на диносаурус беше откриена на познатиот британски „Брег на диносаурусите“. Стапалката, долга речиси еден метар, е најголема од ваков тип откриена во Јоркшир.

– Најинтригантната одлика на ова откритие е долгата трага зад стапалото – она што го нарекуваме метаподиум. Тоа значи дека нашиот голем месојад веројатно се одморал клекнат тука во калта пред да стане, замине и остави вечен отпечаток зад себе. Забавно е да се замисли како овој диносаурус шета по калливата крајбрежна рамнина во едно мрзливо неделно попладне во периодот Јура, палеонтологот Дин Ломакс од Универзитетот на Манчестер.

– Не можев да поверувам кога го видов, морав двапати да проверам. Претходно наидов на некои помали отпечатоци, но ништо слично, раскажува Мери Вудс, археологот што го пронајде отпечатокот.

На овој брег се најдени илјадници стапалки од диносауруси, како и бројни фосили, но отпечатокот со три прсти е еден од само шесте такви забележани тука. А, првиот од нив бил откриен 1934 година.

– Ова важно откритие дополнително докажува дека џиновските месојади талкале на овој дел од земјата за време на периодот Јура. Видот на стапалото, во комбинација со неговата старост, укажува дека го направил диносаурус од расата мегалосаурус или сличен нему, појасни геологот Џон Хадсон.

Мегалосаурус бил еден од најголемите грабливци на своето време – имал голем череп „вооружен“ со остри заби. Во должина, можел да дотигне и до 8 – 9 метри.

Наодот им овозможи на научниците да го проучат обликот на стапалките, бројот на прстите, трагите од канџи, како и остатоците од кожата од диносаурус. По работата на фосилизираниот отпечаток, властите ќе го изложат во музеј.

Load More Related Articles
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Јапонска работа

Чистење на најточниот и најбрз воз од легендарната јапонска железничка мрежа Шинкансен. На…