Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
По само две недели откако македонската Влада донесе одлука за намалување на цените на основните прехранбени производи, од денеска повторно скок на цените во маркетите.
Иако првично беше најавено дека со повисока стапка од 10 насто ќе бидат само перките од ајкула, чија-семето, тартуфите, сирењето со мувла, сепак луксуз ќе бидат и над илјада артикли меѓу кои, брашното, џигерот, сладоледот, сите видови замрзната риба, освен осличот, пастрмката и пангата, замрзнатите теста, сирењето и урдата.
Тоа значи дека трговците ќе треба да ја применат новата стапка на Данокот на додадена вредност од 10 отсто, наместо најниската од пет отсто.
На списокот се и лутеницата, цвеклото, фефероните, мајонезот, сите видови апетисани, компоти, конзервираната храна.
Поскапува и храната за децата, гризот, овесните снегулки, муслите, сладоледот, еурокремот, сите видиви бонбони, чипсот, сите чаеви, тропското овошје, сите видово сушено овошје, сусамот, сончогледот, инстант кафињата, наполитанките, црниот бибер, мастиките, најголем дел од зачините.
Како што е познато, во Собранието деновиве поминаа измените со кои се овозможи примена на нова данопчна стапка на ДДВ од 10 отсто, покрај основната од 18 отсто и повластената од пет отсто. Со зголемување на ДДВ-то, во буџетот власта очекува да се соберат дополнителни 70 милиони евра.