ДЗС: Попишани речиси 1,7 милиони граѓани


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вкупно 1 695 549 лица, 526 605 домаќинства и 752 916 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).

Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 199 819 граѓани од дијаспората.

Денеска е 24-от ден од пописот 2021 кој започна на 5 септември и до крајот (30 септември) остануваат уште два дена пописни активности.

Освен во своите домови, граѓаните можат да се попишат и на одредени пунктови во општините што ги отвори Државниот завод за статистика.