Двата авиони со посмртните останки од жртвите во автобуската несреќа во Бугарија пристигнаа на скопскиот аеродром


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


На Меѓународниот аеродром „Скопје“ пристигнаа двата авиона со посмртните останки на жртвите во автобуската несреќа во Бугарија.

Полетувањето на авионите беше пролонгирано поради лошите временски услови во Софија.

По повод пристигнувањето на останките на Скопскиот аеродром е организирана церемонија на која присуствуваат претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот Љупчо Николовски, министрите Бујар Османи, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши, Насер Нуредини, Јагода Шахпаска и Благој Бочварски, пратеници, како и поглаварот на Исламската верска заедница.

На плоштадот „Скендербег“ во Скопје, пак, се поставени венци пред кои граѓаните можат да им оддадат почит на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија.

На барање на семејствата на загинатите откажана е поворката која требаше да помине низ главниот град.

Сообраќајната несреќа се случи на на 23 ноември, на втопатот „Струма“ во близина на градот Перник во Бугарија кога автобусот на „Беса транс“ – Скопје се враќал од Истанбул. Загинаа 45 граѓани, а седум беа повредени.