Два нови смртни случаи од коронавирус во Македонија – најмладата жртва е 31-годишен скопјанец


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Црната статистика во Македонија која ја предизвикува епидемијата на коронавирусот се зголеми за две нови жртви на оваа зараза. Станува збор за две машки лица, едно на возраст од 91 година, друго на 31-годишна возраст – и двајцата од Скопје. Со тоа вкупната бројка на починати од коронавирусот се искачи на 6 лица.

31-годишниот скопјанец бил со тешка клиничка слика. Тој во саботата бил интубиран и поставен на респираторна машина, но денеска починал.

„Кај помладиот пациент еден ризик фактор е обезноста (дебелина) која што тој ја имал. Пациентот имаше најтешка форма на влошување која е опишана во литературата, клиничка слика со крварење и на некој начин распад на белите дробови. Овој смртен случај на млад човек покажува дека никој не е имун на овој вирус. Сите кои не биле убедени од опасноста на КОВИД-19 сега им е јасно дека ова е сериозна закана и мораме сериозно да се однесуваме“, рече министерот Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.

До вчера во Македонија имаше 18 новозаболени пациенти, со тоа вкупната бројка е 259. Во текот на прес-конференцијата Институтот за јавно здrавје потврди уште 2 позитивни пациенти, така што бројката наместо 16 како што соопшти министерот Венко Филипче на прес-конференцијата изнесува точно 18.

По градови новозаболените се од: Штип – 6, Скопје – 3, Велес – 3, Струга – 2, Струмица – 1, Дебар – 1, Тетово – 1, Гевгелија – 1.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

– Скопје – 145
– Дебар – 46
– Куманово – 21
– Штип- 14
– Прилеп – 8
– Велес – 6
– Тетово – 5
– Струга- 5
– Охрид – 3
– Кавадарци – 2
– Гостивар – 1
– Битола – 1
– Гевгелија – 1
– Струмица – 1