Home Актуелно Дутерте се закани дека полицијата и војската „ќе го убијат секој“ кој ќе прави проблеми во време на карантинот

Дутерте се закани дека полицијата и војската „ќе го убијат секој“ кој ќе прави проблеми во време на карантинот

Претседателот на Филипини Родриго Дутерте ги предупреди граѓаните дека ќе издаде наредба до полицијата и војската да го убијат секој „кој прави неволји“ во тек на карантинот кој во воведува во земјата.

„На сите ова да ви биде предупредување – слушајте ја владата, сега најважно е во земјата да владее ред“, рече Дутерте во обраќањето до нацијата „не се обидувајте да ги повредите здравствените работници, лекарите,затоа што тоа е сериозно злосторство“, нагласи Дутерте.

Во земјата пријавени се 2.311 случаи на зараза, а умреа речиси 100 луѓе, а, како што наведуваат медиумите, граѓаните се собираат и не ги почитуваат забраните за движење затоа што се гладни.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…