Бројот на заразени од коронавирус во светот се приближува до 1 милиони – 76.990 новозаразени во еден ден


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Според најновите статистички официјални податоци за бројот на заразени од коронавирус во светски рамки, оваа бројка се приближува до 1 милион кои ги зафатил овој вирус.

Точната бројка на заразени со новиот корона вирус во целиот свет претпладнево изнесува 937.783, што е за 76.990 случаи повеќе од вчера претпладне, покажува бројчаникот на американскиот универзитет „Џонс Хопкинс“, којшто од почетокот на избивањето на епидемијата секојдневно ги следи и ги прикажува податоците во светот, пренесува Мета.

САД и понатаму е на врвот на неславната листа со 216.722 заразени, односно во последните 24 часа бројката пораснала за вртоглави 27.089 нови случаи. САД со ова веќе влезе во третата „стоилјадарка“, а и Шпанија постигна нешто слично – пречекори 100.000 случаи. Италија останува на второто место.

Бројките за земјите со најголем број случаи од избивање на заразата може да ги видите подолу.

САД: 216.722 случаи, а вчера: 189.633 (пораст од 27.089 случаи)
Италија: 110.574, а вчера: 105.792 случаи (пораст од 4.782 случаи)
Шпанија: 104.118, а вчера: 95.923 случаи (пораст од: 8.195 случаи)
Кина: 82.394, а вчера: 82.301 (пораст од 93 случаи)
Германија: 77.981, а вчера: 71.808 (пораст од 6.173 случаи)
Франција: 57.763, а вчера: 52.836,(пораст од 4.972 случаи)
Иран: 47.593, а вчера: 44.605
Обединетото Кралство: 29.865, а вчера: 25.481
Швајцарија: 17.768, а вчера: 16.605
Турција: 15.679, а вчера: 13.531
Белгија: 13.964, а вчера: 12.775
Недерландија: 13.696, а вчера: 12.667
Австрија: 10.769, а вчера: 10.192

Бројката на починати во изминативе 24 часа во светски рамки се искачи на 47.273, што во однос на вчерашните (околу 10 часот претпладне) 42.354 случаи, е пораст за 4.919 починати.

И понатаму Италија е на првото место на светската листа по смртност од новиот корона вирус, со 13.155 случаи, што во однос на вчерашната бројка од 12.428 смртни случаи, изнесува 727, што е помалку отколку во претходните денови. На пример, порастот меѓу вторникот и средата претпладне изнесуваше 837 нови случаи. Од понеделникот до вторникот претпладне порастот изнесуваше 812.

Италија: 13.155, а вчера: 12.428
Шпанија: 9.387 случаи, а вчера: 8.464
Франција: 4.032, а вчера: 3.523
кинеската провинција Хубеј: 3.193, а вчера: 3.187
Иран: 3.036, а вчера: 2.898
Обединетото Кралство: 2.352,а вчера: 1.789
градот Њујорк, САД: 1.374, а вчера: 1.096
Недерландија: 1.173, а вчера: 1.039
Германија: 931, а вчера: 775
Белгија: 828, а вчера: 705
Швајцарија: 488,а вчера: 433
Турција: 277, а вчера: 214
Бразил: 244, а вчера: 202
Шведска: 239,а вчера: 180
Португалија има 187 смртни случаи