Дурант нема да игра цела сезона, а ќе заработи 40 милиони долари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бруклин во текот на летото ангажира две од најголемите НБА ѕвезди, Кајри Ирвинг и Кевин Дурант, но крилото поради повреда ќе мора да паузира цела сезона.

Дурант заработи повреда на Ахиловата тетива во минатосезонското финале од НБА лигата во дресот на Голден Стејт.

Од Бруклин денес и официјално потврдија дека Дурант ќе паузира до крајот на сезоната и може евентуално да се врати во плеј-офот.

„И дефинитивно е јасно дека не можеме да планираме на Дурант оваа сезона. Мислам дека ќе мора да паузира една година. На крајот ќе зависи и од Дурант, тој ќе ја донесе конечната одлука кога ќе се врати на натпреварите“, изјави директорот Маркс.

Кевин Дурант потпиша четиригодишен договор со Бруклин вреден 164 милиони долари, односно 40 милиони по сезона.