Дуа Липа ги изнервира Балканците со објава на Твитер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Славната британска пејачка со косовски корени, Дуа Липа, на социјалните мрежи предизвика лавина од негативни коментари откако објави фотографија од знаме на кое е прикажана мапа на таканаречната Голема Албанија во која е опфатена и територија на Македонија. Во описот напиша: „Автохтон – придавка (жител на некое место), староседелци, а не потомци на мигранти или колонисти“.

Набрзо пристигнаа и одговори на нејзината објава кои претежно доаѓаат од земјите кои се опфатени од контроверзната мапа, а луѓето бараат нејзината објава да биде пријавена и блокирана.

Пејачката е родена во Лондон, секако нема намера да се врати да живее во Приштина каде што е „автохтона“, па од Велика Британија одлучи да промовира контроверзни и националистички мапи со кои шири омраза меѓу народите на Балканот, наместо да го искористи своето влијание за да му помогне на регионот конечно да тргне напред.