Државата почнува со враќање пари од ДДВ на граѓаните – за тоа ќе ви треба апликација


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако ќе биде извршено тестирање во мај и јуни, од јули во функција ќе биде пуштен електронскиот систем за повратот на ДДВ на граѓаните кој веќе е подготвен. За секој од граѓаните да може да си го оствари ова право едноставно ќе треба само да ја фотографира со мобилен телефон фискалната сметка и сликата да ја прикачи на посебна апликација.

„Повратот на ДДВ има две важни цели. Првата е да ја отстраниме даночната евазија која официјално е 30 проценти на ДДВ. Граѓаните го плаќаат секаде, но некој тоа не го уплаќа во државната каса. Каде и да мрднете има ДДВ. Целта е граѓаните да бидат инспектори. Тоа значи секој граѓанин да си побара фискална сметка, заради тоа што 15 проценти од ДДВ-то изразено во фискалната сметка ќе им се врати назад. Ако сметката е 1.000 денари, 180 денари е ДДВ и од тие 180 денари 15 отсто се враќа. Од сите сметки меѓу 20 и 30 илјади денари ќе враќа семејство. Интересот ќе биде голем, бидејќи си враќаат пари. Тие нема да земаат од никој што нема да им даде фискална сметка, тие ќе ја завршат улогата на државата, а државата ќе им врати пари“, рече премиерот.

Заев рече дека во моментов даночната евазија или скриен данок е 300 милиони евра, а намерата е меѓу 70 до 150 милиони евра да се врати кај народот, а останатиот дел во Буџетот, што пак повторно ќе одат во здравство, образование…

Во мај и јуни ќе почне со тест и објаснување, а повратот на ДДВ на граѓаните стартува од 1 јули.

Заев појасни дека ќе биде едноставно, дека се слика сметката, па правите аплауд на фотографијата на апликација што претходно веќе сте ја симнале.