Славни

Драматична битка: Разводот на Петра, ќерката не Берни Еклстон, ќе биде еден од најскапите

Петра Еклстон, ќерка на некогашниот прв човек на Формула 1, Берни Еклсон, е насред бракоразводна парница со нејзиниот партнер Џејмс Стант.

Како што пренесува „Дејли мејл“, на сослушувањето се овдивала вистинска драма. За време на горлива расправа во суд зетот го навредувал некогашниот прв човек на Формула 1 и со рацете правел гестикулација како да пука со пиштол.

Петра и Џејмс се венчаа во 2011 година во италијански замок, опкружени со голем број на поп ѕвезди.

Но, скоро шест години подоцна после нивната бајковита венчавка вредна околу 13 милиони евра, тие се разведуваат, а нивната спогодба во однос на богатството може да биде една од најскапите во историјата на познатите личности.

„Најмалата ќерка на милијардерот Еклстон сега води горчлива битка со нејзиниот сопруг за нивното богатство од околу 6 милијарди евра. Парот најмил некои од најврвните адвокати за разводи во Британија за да ги застапуваат на судските рочишта, што официјално се очекува да почнат следниот месец“ пишува „Дејли мејл“.

Нивната вила во Лос Анџелес, вредна околу 180 милиони евра, и имот во Чесли вреден над 100 милиони евра, се само дел од она за што ќе се борат да добијат Петра Еклстон и Џејмс Стант.

Според она што било изнесено пред судот, Стант, за кого се смета дека „тежи“ околу 4 милијарди евра, наводно бил насилен и земал дрога додека бил во брак со Петра. Инаку, парот наводно прв пат се сретнал на состанок на слепо во 2006 година. Тие заедно имаат три деца, ќерка Лавиниа и синовите Џејмс Јуниор и Ендрју.

Бизнисменот сега е обвинет дека непристојно се однесувал на првично сослушување. Наводно со раката гестикулирал како да пука со пиштол, а потоа го навредувал таткото на Петра, Берни Екслтон, за на крај бурно да излезе од судот. Според информацијата, Еклстон тргнал по него, но судијата интервенирал и го спречил Берни да му возврати.

„Дејли мејл“ уште бележи дека подоцна од судот излегла и 28-годишната Петра, облеана во солзи и дека не го носела венчалниот прстен. Џејмс Стант на фотографите кои биле надвор од судот им покажал среден прст. Тој наводно за време на едночасовното сослушување, постојано се смеел, се потсмевал, воздивнувал и кревал раце во воздух додека адвокатите се произнесувале. Судијата во еден момент морал да го замоли Џејмс да престане да гестикулира затоа што „тоа го одвлекувало вниманието’.

Адвокатите на Петра побарале Џејмс да се отсели од заедничкиот дом во Челси за да може таа со децата да живеат таму. Адвокатите на Стант пак изјавиле дека нивниот клиент ќе се отсели, ако му се дозволи да живее на имотот од околу 90 милиони евра во близина, каде што парот живеел некогаш. Судијата одлучил во корист на Петра, а го одбил барањето на Џејмс, со образложение дека тој има доволно пари во следните неколку месеци да изнајми стан.

Извор: Слободен печат

Advertisements
To Top