„Драмамински“ очила против лошење за време на патување


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Добар дел од луѓето, без да го сакаат тоа, имаат сериозни маки со лошење при подолгите патувања, особено со јавен превоз. Затоа, некој гениј решил малку повеќе да се занимава со тоа и ги иновирал овие очила за кои тврди дека го решава тој проблем настанат главно од конфузните информации кои за телото ги добива мозокот од видот и каналите на внатрешното уво.

Ова се четири прозорчиња, без стакло, со прстени исполнети со течност кои го симулираат хоризонтот (за да се калибрира мозокот). Не се нешто многу естетски привлечни, ама сигурно и ние не сме естетски допадливи кога ќе ни се слоши и почнеме да менуваме бои на лице, па и да повраќаме. Така што, ако имате мака, очилата SEETROËN, во производство на Citroën, сигурно ќе ви бркаат работа.