Home Актуелно Дождлив понеделник

Дождлив понеделник

Новата недела ја започнуваме со локален дожд уште рано наутро во понеделник. Врнежите ќе започнат во раните утрински часови во западниот регион, и тоа повеќе во охридскиот, полошкиот и дебарскиот крај. Потоа во текот на утрото врнежите ќе се преместуваат кон исток. Станува збор за ралативно слаби врнежи.

Попладне ќе има тренд на намалување на облачноста, а се очекуваат и подолги сончеви периоди. Истовремено се очекува појава на умерен југозападен ветер. Во тиквешијата ветерот ќе биде повремено засилен.

Минималната температура воглавно ќе биде во границите помеѓу 5 и 8 степени низ котлините.
Јужниот ветер сеуште ќе ја одржува температурата релативно високо на Целзиусовата скала. Истата нема да има поголеми промени од оние вредности кои ги имавме во текот на викендот. Најтопло повторно ќе биде долж вардарската долина, како и во тиквшкиот крај, каде максималната ќе биде во дијапазонот од 18 до 20 степени, додека низ останатите котлини максималата ќе биде помеѓу 16 и 18 степени.

Скопскиот крај очекува облачно утро со услови за повремен дожд. Попладне ќе има тенденција на намалување на облачноста, а истовремено ќе почне да дува умерен југозападен ветер. Температурата ќе има минимална вредност околу 6 а максимална до 18 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…