Дорси си замина од директорската позиција во Твитер – акциите на платформата веднаш скокнаа за 10%


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Извршниот директор на Твитер Џек Дорси поднесе оставка, а акциите на Твитер пораснаа за повеќе од 10 отсто.

Него ќе го наследи Параг Агравал, технолошкиот директор на Твитер.

„Неговата работа во изминатите 10 години беше трансформативна. Јас сум длабоко благодарен за неговата вештина, срце и душа. Негово време е да води“, порача Дорси.

Акциите на Twitter на берзите скокнаа за цели 10% по оваа вест.