Домовите на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа ЗА уставни промени под полициско обезбедување


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пред куќите на пратениците од Охрид, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски, е забележано полициско присуство, пренесува Алсат. Тие двајца, заедно со останатите пратеници од опозицискиот собраниски состав, кои гласаа ЗА уставни промени во Собранието, се исклучени од редовите на ВМРО-ДПМНЕ откако отстапија од партиската агенда.

Телевизија Алсат тврди дека домовите вчера биле под строга заштита од страна на полицијата.

Покрај тоа, полициски патроли го надгледуваат и домот на Крсто Мукоски во Вевчани. МВР и премиерот Зоран заев веќе проценија дека овие пратеници ќе бидат под закана, бидејќи вчераги гласаа и поддржаа уставни промени во драматична завршница. По гласањето имаше бура од закани и клетви на социјалните мрежи, а полицијата веќе поднесе една пријава.

Случајно или не,тројцата пратеницисе обвинети и има и активни процеси против нив вод страна на редовното Обвинитество.