Домот на Јувентус го промени името – ќе се вика „Алијанц Стадиум“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанскиот шампион Јувентус денес и официјално го промени името на својот стадион кој од 1. јули ќе го носи името „Алијанц Стадиум“.

Јувентус денес потпиша договор со компанијата „Алијанц“ за бреднирање на својот стадион, а договорот ќе трае до 2023 година.

Со ова компанијата „Алијанц“ бредираше уште еден стадион после „Алијанц Арена“ во Минхен, „Алијанц Стадиум“ во Сиднеј, „Алијанц Ривиера“ во Ница „Алијанц Парк“ во Сао Паоло „Алијанц Парк“ во Лондон и „Алијанц Стадион“ во Виена.

Финансиските детали не се познати, а италијанските медиуми шпекулираат дека Јувентус од овој договор годишно ќе добива помеѓу 20 и 30 милиони евра, со што додатно ќе ја зацврсти својата финансиска стабилност.