ДОМ и ЛДП ќе бараат со закон да се забрани „копање“ криптовалути


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Земајќи ја во предвид актуелната енергетска криза која ја тресе и Македонија, коалициските партнери ЛДП и ДОМ денеска соопштија дека преку своите пратеници во парламентот ќе побараат законски измени кои се однесуваат на „копањето“ криптовалути.

„Во време на енергетска криза недозволиво е да се троши струја за производство на криптовалути за лично богатење на поединци. Бидејќи криптовалутите се прогласени за неприфатливи за животната средина, пратениците дополнително ќе бараат и законска регулација бидејќи употребата на струја од фосилни горива како што е случајот во моментот ја загадува животната средина“, велат од ЛДП и ДОМ .

Од партиите нагласуваат дека најнапред ќе извршат консултации со стручната фела и дека најдоцна за една недела ќе побараат регулација преку законски измени кои ќе ги достават пратениците.