Долги колони возила од Киев се упатуваат во правец кон Полска


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако Руските воени сили ноќеска ја почнаа својата воена инвазија на Украина, редици автомобили почнаа да го напуштаат главниот град Киев, упатувајќи се на запад во обид да најдат засолниште и прибежиште во деловите од земјата поблиску до Полска и НАТО трупите.

Како што пишува Њујорк Тајмс, дел од колоните автомобили пак, се упатиле во спротивен правец, кон Киев.

Во северозападниот град Лавов сите, освен двајца гости, се одјавиле од хотелот Цитадела Ин, кој порано во 19 век претставувал воена тврдина. Повеќето од овие гости се упатиле кон Киев.

Се плашат за своите семејства и пријатели, вели Денис Дерчачев, сопственик на хотелот.

Лидерите на земјите членки на ЕУ ќе одржат итен состанок вечерва на кој ќе ја дискутираат кризата и следните рестриктивни мерки кои ќе имаат сериозни последици за Русија.

Европската Комисија ги финализира следните пакети санкции кои треба да ги усвојат лидерите. Оттаму ја повикуваат Русија да ги повлече своите трупи и целосно да го почитува украинскиот територијален интегритет суверенитет и независност.

Премиерот на Италија Марио Драги го осуди нападот кон Украина како неправеден и неоправдан. Италија стои зад луѓето од Украина и институциите во овие драматични моменти. Работиме со НАТО и европските сојузници за да одговориме веднаш со единство и одлучност, рече тој.