Доларот слабее во однос на другите валути


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Доларот продолжува да ги губи позициите во однос на другите валути.

Во текот на вчерашниот ден се намали за речиси 1 процент во однос кошницата со валути. Ова се случи по изјавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, по средба со фармацевтскиот сектор вчера, во која вели дека Јапонија и Кина ги девалвираа валутите и тоа не е фер во однос на американскиот народ.

Трамп додаде дека со години двете страни манипулираат со девизните пазари и тоа не е фер кон американските компании што извезуваат. Во иднина во договорот за трговија со Јапонија, наведе  Трамп ќе биде ставена клаузула со која ќе бидат спречени идни манипулации. Како последица на овие најави јапонскиот јен поскапе во однос на американскиот долар со 0.85 проценти до 112.77 јени за долар.

Слабиот долар и несигурната политичка ситуација продолжуваат да ги поттикнуваат инвеститорите да се насочуваат кон златото.