Home Актуелно Документот со кој Македонски пошти ги уценуваат вработените да не го бараат неисплатениот регрес

Документот со кој Македонски пошти ги уценуваат вработените да не го бараат неисплатениот регрес

Вработените во АД Македонска пошта се жалат дека биле уценувани од страна на раководството на компанијата да потпишуваат изјави дека нема да поднесат тужби за неисплатениот регрес кој Пошта им го должи веќе неколку години наназад. Регресот кој вработените треба да го добијат како надомест за годишен одмор, според колективниот договор изнесува 13 илјади денари по година за еден вработен.

АД Македонска пошта последен пат оваа обврска кон вработените ја подмирила во 2011 година, а заклучно со месец април 2017 година против АД Македонска пошта биле поднесени 516 тужби од страна на вработените. Според нив, единствени виновници за неможноста на Македонски пошти да го отплати регресот на вработените е раководството и претседателите на синдикатите.

Доколку не би се делеле парични награди и прекувремени саати по управи, раководители и синдикалисти, пари за исплата на регресот на вработените ќе имаше, вели вработен за А1он.

Досега, по однос на 156 тужби, Пошта исплатила 10 милиони 275 илјади денари од кои 4 милиони 156 илјади денари или над 40 отсто за адвокатски и судски трошоци. Во писмото кое генералниот директор на АД Македонска пошта, Фадис Реџепи го испратил до вработените се вели дека тие веднаш мора да престанат со тужбите за неисплатениот регрес бидејќи трошокот на Пошта по основ на овие тужби ќе го надмине износот на месечната бруто плата што би значело тотален финансиски колапс на фирмата.

Извор: А1Он

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…