Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Професор д-р Драган Даниловски дава оптимистички изјави поврзани со актуелната пандемија на Ковид-19 конкретно за во Македонија.
„Со многу висока веројатност во 2022 година во Македонија би требало да се збогуваме со пандемијата. На 28 ноември предупредив дека додека осознаеме како Омикрон се распространува на терен, излезе дека се стабилизира дека е четирипати позаразен од делта. Реков да ставиме карантини на границите за да добиеме на време. Прашање на време беше кога и кај нас ќе дојде овој сој. Ме охрабрува тоа што кога ќе се регистрира една појава, таа порано почнала – ние имаме и понатаму опаѓање на инциденцата, има само 347 хоспитализирани. Се укажува на една поволна епидимиолошка слика, но не треба да се опуштаме. Дојдоа и уште доаѓаат наши луѓе од дијаспората, неверојатно е некој да не го донесе Омикрон дополнително. По сите логики може да се очекува зголемува зголемување на бројката“ – вели Даниловски, универзитетски професор во Студио 10 на ТВ24.