Добра вест за Гвардиола, лоша за Агуеро – се враќа Габриел Жесус


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Тимот на Пеп Гвардиола игра одлично оваа сезона, а каталонскиот стратег утрово доби уште една убава вест.

Лекарскиот тим на „граѓаните“ процени дека Габриел Жесус е комплетно рехабилитиран од повредата и може да тренира со остатокот од тимот.

„Габриел ќе ни се приклучи денес. Не знам кога ќе биде спремен за натпревари, но ова е секако одлична вест“, изјави Гвардиола.

Бразилскиот напаѓач го повреди коленото во последните денови од 2017 година на натпреварот против Кристал Палас, а до тогаш имаше постигнато 10 гола оваа сезона.

Меѓутоа, неговото отсуство не се почувствува многу бидејќи одлично го замени Кун Агуеро, кој брилјира во последно време.