Home Вебкафе Дневникот на Ана Франк ќе се чита пред сите италијански фудбалски дуели – еве зошто

Дневникот на Ана Франк ќе се чита пред сите италијански фудбалски дуели – еве зошто

Фудбалската федерација на Италија (ФИГЦ) одлучи и потврди дека пред мечевите од Серија А, Серија Б и Серија Ц, но и пред сите аматерски и младински мечеви во текот на следниот викенд ќе се читаат делови од дневникот на Ана Франк.

Дел од дневникот на Ана Франк ќе биде читан наглас пред сите мечеви во италијанскиот фудбал оваа недела како одговор на последните „испади“ со анти-семитизам од фановите на Лацио.

„Заедно со Министерството за спорт, Сојузот на италијански еврејски заедници реши да додели една минута за навраќање на сеќавањата на холокаустот и на посветеноста на граѓанско општество, посебно меѓу младите луѓе“, се вели во соопштението на ФИГЦ.

Потегот доаѓа откако навивачи на Лацио оставија етикети околу „Олимпико“ со Ана Франк во дрес на ривалите од Рома, заедно со други анти-семитски пораки. Ова е делот кој ќе се чита пред мечевите.

„Го гледам светот како полека се преобразува во дивина, ги слушам грмотевиците кои доаѓаат и кои еден ден ќе нè уништат и нас, го чувствувам страдањето на милионите. Но, сепак, кога ќе погледнам кон небото, чувствувам дека нешто ќе се промени на подобро, и дека и оваа суровост ќе помине и дека мирот повторно ќе се врати“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…