Дисциплинска за инспекторот Илиевски: „Адеми ме молеше да го забошотам неговото унапредување“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Против просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски беше поднесена дисциплинска постапка од страна на Државниот просветен инспекторат.

Илиевски на 19 јули треба да се појави пред дисциплинска комисија. Тој  откри сомнение за незаконско унапредување на јавни фунцкионери во научно-наставни звања на Државниот универзитет во Тетово и тоа на Арбр Адеми, Агим Нухиу и Сафет Емрули.

„По претходно поднесена иницијатива од непосреден раководител, покрената е дисциплинска постапка, за утврдување на дисциплинска одговорност против државниот службеник вработен во Државен просветен инспекторат Ѓорѓи Илиевски.

Покренатата дисциплинска постапка се однесува на неговото изнесување на факти за предмети кои немаат конечност во постапката. При тоа од негова страна се изнесени факти за предмети кои се во развојна фаза и не се реализирани.

По завршување на постапката во институцијата, Државниот просветен инспекторат ќе ја информира јавноста за исходот од истата.“, велат од Државниот просветен испекторат.

Еве ги сумираните причини за покренувањето на дисциплинската постапка против Илиевски: нецелосно утврдена фактичка состојба при извршен инспекциски надзор во Универзитетот во Тетово; неовластено давање информации во јавноста од негова страна со изнесување состојби во однос на инспекциски постапки вршени од страна на ДПИ кои се во тек, односно немаат правосилност и конечност; прекршување на наредбата од директорот на ДПИ, која гласи: „Секоја информација што се однесува на работењето на ДПИ, а во врска со извршените инспекциски надзори, да не се изнесува надвор од институцијата, без претходно добиена согласност од директорот на ДПИ“.

„Причината е што сум направил несовесно работење, зашто сум открил незаконитост направени од функционери во Владата“, кажа Илиjевски. Тој се обратил до Народниот правобранител, Хелсиншкиот комитет и Државната комисија за спречување на корупцијата и Инспекцискиот совет. Очекува државата да го заштити.

„Бев замолуван од министерот за образование да го сокријам, да го забошотам случајот. Бев замолуван од заменик-министерот за внатрешни работи. Ми укажа да внимавам дека имам семејство и деца“, рече Илиjевски.