Home Актуелно Директорски чалам: Фондот за здравствено осигурување се поднови со две нови возила од по 41.300 евра

Директорски чалам: Фондот за здравствено осигурување се поднови со две нови возила од по 41.300 евра

Фондот за здравствено осигурување пред неколку дена „го освежил“ својот возен парк со два нови автомобили, за што биле издвоени 82.600 евра, или едно возило било набавено по цена од 41.300 евра.

Според податоците објавени на Бирото за јавни набавки, договорот за набавката бил склучен на 20 мај, помеѓу Друштво за производство, трговија и услуги МИ – ДА ГРАНД МОТОРС ДОО Скопје и двајцата директори на Фондот, Стево Крстевски и Фатон Ахмети.

Од договорот може да се види дека на тендерот учествувала само една компанија, а како критериум за избор е наведена најниска цена.

Од Фондот се одлучиле за набавка на две возила од производителот Ford, односно за автомобили од марката „mondeo titanium“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…