Home Шоубизнис Дина Јашари со својот сингл „Вреди ли“ најавува активно лето

Дина Јашари со својот сингл „Вреди ли“ најавува активно лето

Младата пејачка Дина Јашари која во моментот е актуелна со песната „Во тебе се гледам“ во соработка со “Cyrillic” ја промовира својата нова песна „Вреди ли“. Јавноста Дина ја запозна преку „Кастинг талент шоу“ каде стигна до финалето, а таа реши да го реализира својот талент заедно со музичката продукција „Мјузик Хаус“ каде ги започна и своите први чекори во музичките води.

Музиката и текстот таа ги изработи заедно со Бојан Трајковски (фронтменот на Ај Кју) кој исто така го изработи и аранжманот и се погрижи за продукцијата во своето студио „Мјузик Хаус“, додека мастерот го изработи Дарко Димитров. Опкружена со овој тим на музичари, младата и инспирирана Дина во моментов ги работи и останатите песни кои ќе се најдат на нејзиниот прв албум.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …