Диета на познати балерини

Диета на познати балерини

Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Дознајте како се хранат многу познати балерини за да ја задржат својата витка фигура, што е битно за нивната кариера…

Балерините се елегантни, нежни, мистериозни и фасцинантни, така што не е чудо што сакаме да дознаеме сè за нив и нивните секојдневни рутини.

Дали се хранат како нас, “обични смртници”, како го одржуваат своето тенко тело, дознајте во следниот текст:

Појадок

Кога станува збор за почетокот на денот, нутриционистите на балерините не препорачуваат каша. Кашите кои содржат многу шеќер и едноставни јаглехидрати само ќе го подигнат нивото на шеќер и ќе го остават телото изморено и гладно во рок од неколку часа. Затоа, здравиот појадок, каков што прилега на балерина, вклучува влакна и протеини. Јајцата со пченичен тост, грчкиот јогурт со боровинки и гранола, па дури и остатоците од вечера, се одлични избори за појадок.

Ручек

За ручек, јадењето на салата богата со протеини и антиоксиданти е одлика на балерините. Салата од различен зеленчук и пилешко месо или риба, варено јајце, тофу сирење и црн леб е одличен избор за ручек. Печена тава од цели зрна со пилешко месо, авокадо, зелка и домати е уште една опција. Супи се задолжителни. Путерот од кикиритки со сецкана банана, јаболка и шумско овошје на леб е исто вкусно јадење кое дава доволно енергија.

Вечера

Бидејќи балерините се обидуваат да јадат помалку тешко јадење преку денот, за да немаат потешкотии, вечерите се појаки. Вечерниот оброк треба да биде избалансиран со доволно протеини за опоравување на мускулите – пилешко месо, риба, тофу сирење, печеница; антиоксиданти – многу зеленчук како брокула, пиперка и моркови; здрави додатоци кои ќе допринесат за енергија преку цел ден: киноа, кафеав ориз и тестенини од цело зрно.

Меѓуоброк

Кога балерините им е потребно нешто дополнително во текот на денот, носат со себе чоколади или слична лесна ужинка која во себе содржи одлична комбинација на протеини и влакна. Во предвид доаѓаат и лажици кикиритки во масло, една лажичка грчки јогурт со банана, лажица бадеми или суво грозје.

Слаатки

Кога станува збор за слатко, и тука балерините водат сметка – подготвуваат сладолед од банани и чоколадни кекси, брауни од леблебија и пита од лимета која не мора да се пече. Замрзнатиот овошен јогурт исто така е добра опција. Важно е да се следи големината на порцијата и да се ужива во секој залаг, без каење. 90% од времето балерините јадат здраво, а преостанатите 10% може да го искористат за нешто нездраво, вкусно.