Диџеј Мос покажа како изгледаа журките во ’90-те, а какви се денес – разликата е тажна


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Диџеј Стерлинг Мос на својот Фејсбук профил објави снимка која најдобро ја покажува споредбената разлика од светот на клубските забави некогаш и денес.

Споредбата нуди очигледна разлика во трендот и начинот на забавување на младите во 2018 и во ’90-те години од минатиот век. Сите позитивни поени одат на „постариот“ начин на забавување, секако.

Додека во 2018 година сите ги држат своите мобилни телефони и ја снимаат забавата, во ’90-те години сите ги држат само рацете кренати во воздух и вистински се забавуваат, без да му берат гајле дали ќе пропуштат да објават нешто на Инстаграм, Фејсбук или на некоја од другите социјални мрежи.

„Ги обожавав тие денови. Но, мислам дека и денес некои луѓе се забавуваат без држење на огледалата пред нив. Барем се надевам дека е така…“, коментираше еден пријтел на Мос.