Home Мода и убавина Џо-лајн боб: Совршена фризура за претстојните месеци

Џо-лајн боб: Совршена фризура за претстојните месеци

Ќе ја обновите фризурата за претстојната зима?

Совршениот избор е краткиот боб кој завршува во висина на вилицата.

Jawline bob е модерна, практична, смела фризура и идеална е за студените месеци. Наспроти популарното мислење, кратката коса всушност е одличен избор за ова време од годината. Во лето, кога се високи температурите, најчесто ни одговара да ја држиме косата собрана, додека зиме — со сите ролки и шалови — кратката фризура не само што е попрактична, туку и поефективно изгледа.

Со носењето на топла облека околу вратот, боб фризурата доаѓа до полн израз, а jawline бобот особено, бидејќи завршува точно над вратот. Вистински е погодена за тенка и права или благо брановидна коса. Но, со вистински фризер, оваа модерна фризура можат да си ја дозволат сите жени.

Дополнително, фантастично изгледа и со пократки и со подолги шишки, па можете да ја прилагодите според својата форма на лице и стил.

Погледнете ја галеријата и инспирирајте се од тоа како тренди девојките ја носат најактуелната фризура за оваа сезона. Зачувајте ја вашата омилена фотографија и покажете му ја на фризерот при следната посета на салонот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Мода и убавина
Comments are closed.

Check Also

Чизми на платформа: враќање на најудобниот и најшик есенски тренд

Wedge чизми: Повторно владеат најудобниот и најшик есенски тренд Елеганцијата веќе не знач…