Џенифер Лоренс откри што ги терала да прават бившите партнери пред секс


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 

Холивудската ѕвезда Џенифер Лоренс призна дека, иако зрачи со сексапил и заводливост, ретко има секс и нема активен сексуален живот.

„Секогаш говорам дека сексот ми се допаѓа, но вистината е дека воопшто не го сакам“, открива славната актерка.

„Имам фобија од бактерии и мислам дека пенисот е опасен. Кога би дошла во ситуација во која постои можност за било каква инфекција, веднаш би викнала лекар“, признава Лоренс.

Освен тоа, Џенифер јасно даде до знаење дека не практикува секс за една ноќ и дека во полов однос стапува само со партнери кои претходно ги праќа на лекарски тестови.

„Не сум во врска и јасно давам до знаење дека се немам сексано многу долго време. Би сакала да пронајдам некој и да бидам среќна, но тоа е тешко, особено во ваков свет“, отворено открива Џенифер за британски The Sun.

Нејзината последна врска беше со режисерот Дарен Аронофски, со кој работеше на филмот The Mother, но таа не траеше долго.