Џек Ма од „Alibaba“: Трговската војна меѓу Кина и САД ќе трае 20 години


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Првиот човек на интернет гигантот „Alibaba“, Џек Ма, на Светскиот економски форум изјави дека предвидува оти трговската војна меѓу Кина и САД ќе трае 20 години и светот треба да се подготви за тоа.

Шефот на Alibaba го привлече вниманието на почетокот на минатата година кога по средбата со Доналд Трамп по неговиот избор за претседател на САД амбициозно се обврза дека ќе создаде милион работни места во Америка.

Меѓутоа, во интервју за кинеската државна агенција Синхуа, Ма кажа дека брановите од нови царини кои ги наметнаа Вашингтон и Пекинг во последните месеци го поткопале тој план.

„Ветувањето беше дадено врз основа на пријателската соработка меѓу Кина и САД и разумните билатерални трговски односи, но актуелната ситуација веќе ја уништи таа основа. Ветувањето не може да биде извршено“, кажа Ма.

Портпаролот на Alibaba, најголемата кинеска компанија за онлајн трговија, ја потврди изјавата на Ма.