Џандари си се џандари и во Италија (снимка)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанската полиција по грешка го претресуваше и ќе го приведеше фудбалерот на Милан Тимуе Бакајоко, третирајќи го како најголем криминалец.

По грешка, неколку полицајци со вперени пиштоли на сред улица го апсеа и претресуваа Бакајоко, мислејќи дека станува збор за криминалец.

Прво го „извадоа“ од автомобилот а потоа и го претресуваа. Сцената изгледала како од акционен филм, додека францускиот фудбалер зачудено гледал што му се случува, но постапил според наредбите што ги добивал од полицајците.

Полицајците набрзо сфатија дека погрешиле и дека запреле лице со друг идентитет и му се извиниле на фудбалерот на Милан.

Меѓутоа, целата ситуација беше снимена од други учесници во сообраќајот, па снимката стана вирална на интернет.