Home Актуелно Џафери: Ќе се посветиме на враќањето на функционалноста на институциите

Џафери: Ќе се посветиме на враќањето на функционалноста на институциите

Наша обврска како парламентарно мнозинство е да работиме на враќање на принципите на парламентарната демократија со крајна цел забрзување на евроинтеграциите, рече собранискиот спикер Талат Џафери во своето прво обраќање до јавноста,на конференцијата Вклучени граѓани за одговорно и транспарентно Собрание.

Сакам како претседател на Собранието да ветам дека тргнувајќи од моите деловнички и уставни надлежности ќе работам токму на овие прашања. Колку во тоа ќе успееме, зависи од сите 120 пратеници кои седиме во Собранието, но, сепак, во прв ред одговорноста е на парламентарното мнозинство, рече Џафери.

Што се однесува до последните насилни настани во Собранието, Џафери порача дека институциите треба да го истражат случајот, а оние кои се огрешиле да одговараат согласно уставот и законите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…