Home Актуелно Џафер на албански јазик се обрати на самитот „Европски парламент – Западен Балкан“

Џафер на албански јазик се обрати на самитот „Европски парламент – Западен Балкан“

Претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери, во своето обраќање пред Комитетот за надворешни работи, во рамки на Самитот „Европски парламент – Западен Балкан“ наместо на македонски јазик, како што налага уставот, се обрати на албански јазик.

– За жал, наместо преговори сега се соочуваме со застој заради одредени билатерални барања. Наш став е дека договорната рамка со Бугарија дава соодветна основа за понатамошна соработка и ние сме подготвени за надминување на ситуацијата согласно меѓународните стандарди. Истовремено, сакам да нагласам дека овие случувања не треба да имаат влијание на отворање на преговорите за членство – рече Џафери пред Комитетот.

Според Уставот, македонскиот јазик е службен јазик на државата во меѓународната комуникација.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…