Home Спорт Деулофеу наместо во Италија се сели во Премиер лигата

Деулофеу наместо во Италија се сели во Премиер лигата

Во Барселона нема повеќе место за него, па јасно е дека Деулофеу до крајот на зимскиот преоден рок ќе го напушти „Камп Ноу“.

Крилниот напаѓач беше на чекор од враќање во Серија А бидејќи за него силен интерес покажуваа Наполи и Рома, но последните информации говорат дека најверојатно ќе се пресели во Премиер лигата.

Во трката за неговиот потпис се вклучи Ватфорд бидејќи новиот тренер Хави Гарсија верува дека Деулофеу ќе биде идеално засилување за неговиот тим.

Деулофеу има искуство во Премиер лигата бидејќи во два наврати настапуваше во Евертон, но со доаѓањето на Роналд Куман го загуби местото во тимот.

Барселона минатото лето го врати за 12 милиони евра, а сега за неговата слобода бара 20 милиони евра, сума која Ватфорд е спремен да ја плати.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…