Home Актуелно Дескоски: И со договорот останавме вештачка нација, а никој не се буни

Дескоски: И со договорот останавме вештачка нација, а никој не се буни

Иако еден од главните аргументи на премиерот Заев беше дека со Преспанскиот договор, Грција конечно го признала македонскиот идентитет и јазик, професорот Тони Дескоски реагира на актуелната официјална позиција на Грција за Македонија според која македонската нација е вештачка творба.

„Договорот од Преспа е потпишан, но се уште нема промена во однесувањето и тонот на Хеленската Република кон Македонија. Ние сме се уште ’вештачка и измислена Македонска нација’ според нив. Всушност никој од наша страна никогаш не се пожалил на оваа навредлива изјава”, вели професорот Дескоски кој е сопруг на министерката за правда Рената Дескоска, пишува порталот Експрес.

Реакцијата на Дескоски кој беше дел од правниот тим на Македонија кој донесе осуда за Грција пред меѓународниот суд на правдата во Хаг се однесува на официјалниот став за Македонија објавен на веб страната на грчкото МНР.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…