Десетте најбогати луѓе на светот за 2018 година според Forbes


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Престижниот магазин Forbes ја објави својата најнова листа со најбогати луѓе на светот за годината која е на залез.

Најбогат човек е Џеф Безос (54) , основач на компанијата Амазон за онлајн трговија. Тој е се побогат, така што за последните две години неговото богатство тројно се зголеми и изнесува 112 милијарди долари. Безос е напрвото место, откако на тронот на најбогатите го замени Бил Гејтс, основачот на интернет компанијата Мајкрософт.

Гејтс (63) беше на првото место на листата на Forbes цели 18 години, а сега е втор со богатство проценето на 90 милијарди долари.

На трето место е Ворен Бафет (88) со богатство проценето на 84 милијарди долари, пред се поради мнозинската сопственост на компанијата Berkshire Hathaway.

По него следува Бернард Арно (69) со 72 милијарди долари богатство, како соственик на француската компанија LVMH што е кратенка од Moët Hennessy – Louis Vuitton S.A , која поседува над 60 луксузни брендови. Тој воедно е и најголем губитник годинава со загуба од 735 милиони долари.

На петтото место е Марк Закерберг (34) , соосновач на најпопуларната социјална мрежа Facebook со богатство од 71 милијарда.

Меѓу оние кои годинава најмногу заработиле , на листата е прв Шпанецот Амансио Ортега, основач на модната куќа Zara со добивка од 1,3 милијарди годинава и вкупно богатство од 70 милијарди долари, со што го зазеде шестото место.

Најголем пад на богатствотото годинава доживеала богатата швајцараска наследничка Ева Марија Бухер, сопственичка на дел од софтверската компанија CA Technologies и продажба на автомобили AMAG, која ги продава автомобилите на Volkswagen, Audi, Bentley и Porsche . Таа за една година изгубила повеќе од половина од богатството , кое сега изнесува 1,2 милијарди долари , со што се најде на 1837 место во светот.

Од минатогодишната листа најмногу изгубил Лари Елисон, основач на софтверската команија Oracle, па поради загубата од 816 милиони долари се спушти од ланското шесто на сегашното десетто место на најбогати луѓе во светот со 58,5 милијарди долари.

Forbes редовно ја следи материјалната состојба на 2.208 милијардери, чија заедничка вредност изнесува 9,1 трилиони долари.

Меѓу нив ггодинава се најдоа 259 нови милијардери, кои заработиле милијарди во различни области, како детски играчки, венчални фустани , па се до електрични автомобили.