Home Актуелно Десетгодишно дете удрено од автомобил во Куманово

Десетгодишно дете удрено од автомобил во Куманово

Во сообраќајна несреќа во Куманово, кумановец со автомобил удри десетгодишно дете кое како последица на ударот со тешки повреди било пренесено во болница.

Според информациите на полицијата, несреќата се случила вчера во 17.25 часот на улицата „Доне Божинов“ кога „Фолксваген Шаран“, со австриски национални ознаки, управуван од Ѓ. А. (47) од Куманово, удрил во 10-годишен пешак од Куманово.

Детето со тешки повреди било пренесено во Општата болница Куманово за укажување лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа на СВР Куманово.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…