Home Спорт Дерби дуелот помеѓу Арсенал и Манчестер Сити одложен – може да се одигра дури на пролет

Дерби дуелот помеѓу Арсенал и Манчестер Сити одложен – може да се одигра дури на пролет

Дуелот помеѓу Арсенал и ПСВ Ајндховен во Лигата на Европа, кој требаше да се одигра утре е одложен за 20 октомври, потврди УЕФА.

Тоа предизвика и нови поместувања во распоредот на Премиер лигата, кој веќе беше нарушен поради одложувањето на колото минатата недела поради смртта на кралицата Елизабета.

Премиер лигата потврди дека дербито помеѓу Арсенал и Манчестер Сити закажано за 19 октомври и официјално е одложено.

Единствениот слободен термин следниот месец е 19 октомври за кога е закажано вонредното коло во Премиер лигата, но распоредот во октомври е пренатрупан, па овој меч може да се одигра дури на пролет.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…