Home Спорт Дени Илиев повикан во составот на Арсенал за Премиер лигата!

Дени Илиев повикан во составот на Арсенал за Премиер лигата!

Францускиот стратег на клупата на Арсенал, Арсен Венгер, одлучи за новата сезона во Премиер лигата да смета и на нашиот Дени Илиев кој веќе долго време е во младинските категории на англискиот гигант.

Ова е одличната вест за иднината на неговата кариера Илиев ја дочека во таборот на македонската репрезентација со која се наоѓа во Израел каде што вечерва ќе го одигра квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2018 година кое ќе се одржи во Русија, пишува Спортски.мк.

Стратегот на „топџиите“ се одлучи да го повика Илиев на местото на шпанецот Санти Казорла кој веќе долго време се мачи со повредите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…