Home Актуелно Денеска нестабилно со пороен дожд и грмежи

Денеска нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето во Македонија денеска на повеќе места ќе биде нестабилно со повремено пороен дожд и грмежи. Според УХМР, на места и особено на северот и истокот процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град.

Утринската температура ќе се спушти помеѓу 11и 19, а дневната ќе достигне од 24 до 31 степен, додека УВ-индексот ќе изнесува 5.

Во Скопје, претпладне ќе има сончеви периоди и услови за краткотраен дожд, а попладне повремено пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 29 степени.

В недела и понеделник нестабилноста ќе се намали, а претежно во планинските региони ќе има услови за појава на краткотраен дожд во недела со ретки грмежи. Во наредните денови ќе преовладува претежно стабилно време со повремено зголемена облачност.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…