Home Актуелно Денес во Кривичен треба да почне судењето за аферата со масовно прислушување

Денес во Кривичен треба да почне судењето за аферата со масовно прислушување

Случајот познат како „Тврдина-Таргет“ кој СЈО го иницираше за нелегалното прислушување, а во кој се обвинети 12 лица, денес треба да го има својот почеток во Kривичниот суд.

Се очекува денеска на обвинителната клупа да седнат: поранешната минстерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков. Меѓу обвинетите се и поранешните началници во УБК, Никола Бошковски и Горан Грујевски, за кој е одобрена екстрадиција од судот во Солун каде се наоѓаат во притвор.

Во овој случај меѓу обвинетите е и Тони Јакимовски, поранешен шеф на кабинетот на ексдиректорот на УБК, Мијалков.

Досега имаше едно рочиште, но тоа беше одложено поради отсуство на еден од адвокатите на Мијалков. Сега предметот ќе почне од почеток бидејќи според новиот распоред на судот, повеќе нема да го води судијката Ленка Давиткова туку Џанета Бегтовиќ.

Според обвинението за „Таргет“, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…