Home Актуелно Денес во Брисел почнува самитот на НАТО – Македонија очекува покана за членство

Денес во Брисел почнува самитот на НАТО – Македонија очекува покана за членство

Со официјалното обраќање на Јенс Столтенберг, Генерален секретар на НАТО, денес во Брисел започнува дводневниот самит на Алијансата.

Столтенберг се ќе обрати на безбедносната конференција: „НАТО се ангажира: дијалог на Бриселскиот самит“ со што ќе започне годишниот собир на шефови на држави или влади на 29 земји членки на Алијансата.

На овој самит, како што најави и генералниот секретар Столтенберг, сојузниците ќе ја повикаат Македонија да ги започне разговорите за пристап.

„Откако ќе биде финализиран и имплементиран историскиот договор за прашањето за името, НАТО ќе може да ја покани поранешната југословенска Република Македонија да стане 30-та членка на НАТО под новото име: Република Северна Македонија“, рече Столтенберг на вчерашната прес конференција во Брисел.

Според новинските агенции, овој самит е неизвесен со оглед на се почестите предупредувања на американскиот претседател Доналд Трамп членките на НАТО да си ги исполнат финансиските обврски кон Алијансата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…